За нас

ДПТУ ,,АГ&БМ" ДООЕЛ, како семеен бизнис, на маркетот за овошје и зеленчук постои од 2005 година. Регистрирано како претпријатие специјализирано за увоз-извоз и реекспорт на овошје и зеленчук од сезонски карактер, со седиште во с.Муртино. Генерален директор и управител на друштвото, од почетокот до денес е Орце Манушев.

Главна дејност на компанијата е купопродажба, преработка, калибрирање и пакување на земјоделски производи. Бидејќи, работата е од сезонски карактер, понудата често подложи на промени. Во 2014 година, беше направена нова инвестициска активност. Во склоп на откупниот пункт започна да функционира фабричка хала, специјализирана за производство на пластична амбалажа. Со тоа, се направи промена и на основната дејност, преминавме во бизнис кој опстојува и во прозводството, и во индустријата.

Успешната работа и постојаното следење на потребите на кооперантите, ни отвори простор и за нова инвестиција. Така, во 2018-та година, отворивме земјоделска аптека.

Напорна работа

Преку напорна работа, посветеност, сеприсутност на пазарот, успеавме да прераснеме во една од неколкуте водечки компании од оваа индустрија.

Општествена одговорност

Нашата компанија работи со општествена одговорност - пред себе, пред своите засегнати страни и општеството.

Резултати

Успешната работа и постојаното следење на потребите на кооперантите, ни отвори простори и за нови инвестиции.

Задоволни клиенти

Нашите задоволни клиенти се нашиот мотив за работа и воедно наша најголема реклама.